4 промени во транспортот кои нè очекуваат во иднина

Иднината на транспортот е тема на која многу се зборува овие денови. Повеќето од прашањата за иднината на транспортот се насочени кон: „Кога автономните возила ќе станат секојдневно превозно средство?“, „Кога градовите ќе научат како да се однесуваат со електричните велосипеди и скутери?“, „Кога споделениот превоз ќе стане вообичаен начин за патување?“. Во моментов е тешко да се одговори на некои од овие прашања, но некои одговори веќе привлекуваат внимание.

Ако се прашувате како ќе изгледа модерниот транспорт во следните години или како ќе патуваме низ светот со споделени возила, одговорот лежи во најголемите 4 промени кои не чекаат во иднината на транспортот. Транспортот ќе вклучува споделени возила, електрични возила, хибридни возила и автономни возила.

Споделени возила

Јасно е дека ниту едно возило, без разлика дали е автономно или управувано од човек, е неодржливо како главно превозно средство. Тоа е така затоа што се очекува големите градови да пораснат до 20% во наредните 50 години, а инфраструктурата не може да си дозволи и раст во сообраќајот. Ние веќе се соочуваме со загадување и сообраќаен метеж, па не ни треба повеќе. Затоа споделениот превоз е одлично решение. Така, на луѓето ќе им биде овозможено да си споделуваат возила меѓу себе, а тоа ќе Ви овозможи да немате потреба од сопствено возило, туку да изнајмите возило кога Ви треба од некој човек кој сака да го сподели со Вас.

Постојат многу придобивки од споделениот превоз: тоа ќе ни заштеди време и пари, ќе и помогне на животната средина, ќе ги реши проблемите со градските гужви и е навистина флексибилно. Споделениот превоз им дава вистинска слика на луѓето за трошоците за превоз и им овозможува да ја согледаат опцијата дека не секогаш ќе имаат потреба да поседуваат сопствено возило. Ова е тоа што ќе го направи споделениот превоз популарен и корисен во следните години.

Електрични возила

Живееме во време кога буквално секој производител на возила во светот се фокусира на електрична иднина. Тоа подразбира производство на електрични возила. Секој би сакал да вози електрично возило – а зошто? Затоа што електричните возила бараат помалку одржување, горивото е поевтино, а возилата полесно се полнат со гориво без човечка интервенција. Покрај тоа, доколку возите електрично возило, ќе помогнете во намалување на загадувањето на воздухот од издувните гасови.

Електричните возила навистина ќе помогнат во иднината на градскиот превоз затоа што дури и ако имаме повеќе возила, тие ќе бидат електрични, помалку ќе загадуваат и ќе бидат многу покорисни за животната средина.

Хибридни возила

И покрај тоа што очекуваме да видиме автономни возила во иднина, возилата што ги управуваме денес нема да исчезнат. Ова значи дека автономните возила и возилата што ние ги управуваме ќе мора да коегзистираат. Меѓутоа, навистина и не е толку важно кој или што управува со едно возило, сè додека тоа возило му помага на секојдневниот превоз да биде поефикасен. Она што навистина е важно е да успееме да возиме повеќе луѓе во помалку возила, а тоа значи да го имаме вистинското возило на вистинско место и во вистинско време.

Автономни возила

Според некои нови студии, многу сопственици на возила би се одлучиле да се откажат од сопствеништвото врз едно возило во замена за автономни превозни решенија, како што се самовозни такси возила и автобуси. Не постои начин да се намали урбаниот метеж без да постои некоја форма на јавен превоз. Затоа, можеби во иднина ќе имаме самовозен јавен превоз кој што ќе ја подобри економската одржливост, како и сообраќајниот метеж.

Каде сме денес?

Постојат многу пречки што треба да се надминат за да се случи оваа иднина. Сепак, можеме да кажеме со сигурност дека споделениот превоз започна да расте и станува популарен во нашите животи. На пример, споделувањето возила е дел од овој тип на превоз кој овозможува споделување на сопствено возило на едно лице со друго лице преку онлајн платформи. Овој тип на превоз работи со приватни возила и со потребите на луѓето, така што не е ограничен само на урбаните области.

Споделениот превоз сè уште се развива и ќе донесе многу поголемо влијание врз градовите во кои живееме. Возбудени сме што можеме да видиме што допрва доаѓа во светот на споделениот превоз!

Во Drive Drive Car, ние сме целосно свесни за потенцијалот на споделената мобилност. Затоа ја развивме оваа платформа. Drive Drive Car претставува онлајн, peer-to-peer платформа каде корисниците (физички лица и компании) можат бесплатно да се регистрираат и да ги пријават своите возила за изнајмување во периодот кога не ги користат за сопствени потреби. Од друга страна, секој корисник може бесплатно да се регистрира на платформата и да изнајми возило. Исто така, производителите т.е. овластените дилери на нови возила можат да ги пријават возилата за тест возење на платформата.

И во двата случаи, сопствениците на возилата сами си ја дефинираат цената за изнајмување во која што се пресметани трошоците за изнајмувањето, заработката на платформата, осигурувањето и таксите. Возилата можат да имаат и сопствено осигурување или да користат Каско осигурување од нашиот осигурителен партнер, а клиентите плаќаат за осигурувањето само во деновите кога го изнајмуваат возилото.

Главната цел на платформата е да го зголеми ефектот на користење на возилата кои веќе се во сопственост на некои лица или компании, а со тоа, сопствениците ќе заработат од нивното изнајмување. Овој пристап ќе го намали сообраќајниот метеж и ќе помогне во рационалното искористување на паркинг просторите кои се зафатени со неискористени возила во поголемиот дел од денот.

Нашата цел е да му покажеме на светот дека не е неопходно да бидете сопственик на возило, да би имале секогаш возило на располагање. Ние веруваме дека во следните 10 години, индивидуалното сопствеништвото над возилата нема да биде неопходно. Можеби звучи чудно, но тоа ќе биде така! Ние би сакале да бидеме дел од тој иновативен модерен, чуден свет!

Не ја пропуштајте оваа можност и приклучете ни се денес!


Share this article