Drive Drive Car во партнерство со Евроинс Осигурување

Задоволство ни е да објавиме дека нашата платформа Drive Drive Car оствари партнерство преку нашиот партнер за осигурување ,,СН Брокер,, со осигурителната компанија „Евроинс Осигурување АД Скопје“ во однос на осигурувањето што го нуди Drive Drive Car при изнајмување возила на платформата.

Чест ни е што оваа компанија ќе биде наш партнер, имајќи во предвид дека од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети, Евроинс Осигурување се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.

Осигурувањето од друга страна е од голема важност за услугите што ги нуди Drive Drive Car. Преку нашето партнерство со реномираната компанија СН Брокер и осигурителната компанија Евроинс, изготвивме специјален производ за осигурување на возилата кои се пријавени на платформата  а кои се со седиште во Македонија достапни на пазарот на peer-to-peer изнајмување возила.

Drive Drive Car обезбедува специјален производ на Каско осигурување по ден за време на периодот кога возилото е изнајмено. Каско осигурувањето опфаќа осигурување од евентуални несреќи, кражби, штети, пожари и лични повреди. Меѓутоа, постојат и други типови на осигурување што можете да ги одберете при процесот на изнајмување на возилата, кои осигурителни производи ги правевме наменски со посветените вработени од  реномираната компанија СН Брокер

За да Корисникот изнајми возило на платформата мора да ги исполнува следниве услови:

  • да има соодветна возачка дозвола и да има искуство во возењето од најмалку 2 години;
  • да има валидна дебитна или кредитна картичка на свое име, за плаќање на Drive Drive Car;
  • да го прочита, разбере и потпише Договорот за изнајмување;
  • да биде главен возач на возилото низ целиот процес на изнајмување.

Со потполно Каско осигурување се надоместуваат штетите предизвикани од следните ризици:

  • сообраќајна незгода – судар, удар, лизнување, превртување и сл.;​паѓање на некој, или удар од некој предмет;
  • пожар, удар од гром;
  • експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;
  • луња, град, снежна лавина;
  • манифестации и демонстрации;
  • паѓање на воздушни летала;
  • кражба, противправно одземање на возило и разбојништво без утаја и измама со доплаток на премија.

Drive Drive Car е иновативна платформа за изнајмување возила. Сега секој од Вас може директно да изнајми возило од сопственикот. Drive Drive Car платформата им овозможува на физичките и правните лица да ги пријавуваат своите возила за изнајмување додека не ги користат за свои потреби.

Drive Drive Car е единствена П2П платформа која претставува модерен бизнис модел во светот на Sharing Economy, преку која корисниците може да изнајмуваат возила директно од сопствениците. Моделот е специфичен бидејќи им овозможува на сопствениците на возила да сами ги дефинираат условите за изнајмување според нивните желби и потреби и да понудат дополнителни производи и услуги за корисниците кои изнајмуваат возила преку платформата Drive Drive Car.

Ние се обидуваме да ги препознаеме потребите на нашите корисници и да одговориме соодветно, со градење на соодветни партнерства кои ќе ни донесат огромен успех и нас и на нашите корисници. Партнерството со Евроинс Осигурување е едно од нив, кое со своите понуди и решенија ќе ни помогне да ја развиеме оваа платформа и да имаме среќни и задоволни корисници.

Се надеваме на долгогодишна соработка и многу успеси!


Share this article