
Да се поседува возило е голем месечен трошок. Свесни сме за тоа кога го полниме резервоарот со гориво, кога ќе истече регистрацијата или осигурителната полиса, или кога треба да го сервисираме возилото. Но, најмногу сме свесни тогаш кога ќе пресметаме колку е амортизациониот трошок на возилото. Затоа, ако не го користите возилото секој ден, Drive Drive Car нуди лесен, сигурен начин за намалување на овие трошоци.
Платформата Drive Drive Car им овозможува на физичките и правните лица да ги пријавуваат своите возила за изнајмување додека не ги користат за свои потреби. Сега, физичките и правните лица ќе можат дополнително да заработуваат од нивните возила. Сè што треба да направите е да го пријавите Вашето возило на платформата и сами да си одредите цена за неговото изнајмување. Заработувајте преку возилото и уживајте во поволностите што ги нуди Drive Drive Car.
Ако се прашувате колку би заработиле од едно изнајмување на Вашето возило, можете да проверите на калкулаторот што го креиравме за пресметување на Вашата заработка. Преку нашиот калкулатор можете сами да пресметате која ќе биде Вашата заработка доколку се одлучите за некоја крајна цена која ќе ја платат корисниците при изнајмување на Вашето возило.
Платформата нема влијание на крајната цена на изнајмување на возилата бидејќи таа зависи од желбата на сопствениците за одредена заработка која сакаат да ја остварат и во тој домен секој сопственик има целосна слобода сам да ја дефинира крајната цена по која се изнајмува возилото.
Имајте во предвид дека пресметката е информативна и варијабилна од курсните разлики.
Можете да го пронајдете калкулаторот на следниот линк.
Вие ќе заработите толку колку што сте дефинирале во Вашата заработка за изнајмување за одреден ден или дополнителните услуги кои ги нудите минус трошокот од 19% кој платформата го наплатува за развој и администрација, трошоци за банкарски провизии, промоција, маркетинг, Help Center и слично. Во случај да го откажете изнајмувањето како сопственик на возилото или не се појавите на денот на предавање на возилото на корисникот, следуваат казнени одредби кои се дефинирани во FAQ на нашата платформа.
Доколку возилото не ви е осигурано а сакате да биде осигурано за периодот на изнајмувањето, тогаш корисникот на возилото го плаќа тоа осигурување. Целокупната Ваша заработка се чува на Вашата сметка и Вие индивидуално можете да направите префрлање на дел или на сите средства на Вашата приватна сметка.
Преку платформата сакаме да го олесниме процесот на изнајмување и пријавување возила, да ја зголемиме достапноста на возила, да понудиме различни видови возила, како и да понудиме повеќе услуги. Drive Drive Car е модел преку кој не мора да сте сопственик за секогаш да имате возило на располагање.
Посетете ја нашата платформа и започнете да заработувате од Вашето возило!