Зошто е важно да тестирате возило пред да го купите?

Купувањето на ново возило може да биде тежок процес, особено ако не можете да го пронајдете возилото кое ги исполнува Вашите критериуми и потреби. Од друга страна, откако ќе го пронајдете возилото кое има сѐ што барате, една од најважните работи што треба да направите е да побарате тест возење.

Никогаш не треба да размислувате за купување на возило без претходно да го пробате на тест возење. Тимот на Drive Drive Car препорачува тест возење пред купување на возило, а постојат многу причини зошто тоа е важно. Поголемиот број од луѓето купуваат возило и го користат подолго време, па затоа е важно да бидете задоволни со возилото што ќе го купите.

Пред да влезете во возилото, препорачливо е да направите истражување и да подготвите кратка листа на марки и модели на возила за кои сте заинтересирани. Покрај тоа, ќе ви биде од помош ако подготвите листа на опрема и додатоци што ги сакате во Вашето возило, нешта што би било убаво возилото да ги има, како и нешта што не се толку важни за Вас. Кога ќе завршите со Вашата листа, време е да барате тест возење.

Еве неколку причини зошто е важно да тестирате возило пред да го купите.

Добијте вистинско чувство за возилото

Важно е да проверите дали возилото ви одговара и дали се чувствувате пријатно внатре или не. Пред да го стартувате возилото, седете неколку минути внатре и видете дали ви е удобно, дали седиштето се прилагодува, дали контролите во возилото се добро поставени за да ви го олеснуваат возењето, итн. Покрај тоа, мора да ја проверите видливоста на ретровизорите за да бидете сигурни дека нема нешто што ја блокира видливоста. Добра идеја е да седнете на задните седишта и да проверите дали е удобно. Исто така, корисно е да проверите дали багажот или просторот за складирање е доволно голем за да ги задоволи Вашите потреби. Кога ќе се осигурате дека внатрешноста ги задоволува Вашите потреби, почнете да возите.

Дали возилото е добар избор за Вас?

Сите ние сме возеле возило што не ни се допаѓало многу. Понекогаш сопирачките биле премногу тешки или најмало вртење на воланот би предизвикало голема реакција. Затоа е важно да знаете дали ви се допаѓа како функционира возилото пред да го купите. Ако не се чувствувате добро во возилото за време на тест возењето, имате можност да барате некое друго. Гледајќи слики од возилото што го сакате, нема да покаже точно колку голем простор има во внатрешноста на возилото, па затоа тест возењето ви овозможува да видите дали возилото е добро за Вас и дали има доволно простор за Вашите потреби.

Возење

Кога ќе почнете да го возите возилото, обидете се да го возите на места каде што возите секој ден. Слушнете како работи моторот и колку е гласна кабината на возилото. Важно е да ги проверите сѐ што ве интересира за возилото, затоа што ќе платите висока сума и треба да сте сигурни дека тоа возило е идеално за Вашите потреби. Препорачливо е да ги запишете Вашите впечатоци откако ќе завршите со тест возењето, бидејќи тоа може да ви помогне подоцна кога ќе бирате помеѓу возилата што ги разгледувате.

Имајќи ја во предвид важноста на тест возењето, развивме опција за тест возење на нашата платформа. Drive Drive Car е исто така наменет и за производителите т.е. овластените дилери на нови возила кои може да ги пријават своите тест возила за да можат корисниците да ги тестираат бесплатно или по некоја промотивна цена која ја одредува сопственикот. 

Овој начин на тест возење, во споредба со класичните тест возења кои траат навистина кратко, им овозможува на Вашите клиенти подобро да се запознаат со возилото и неговите перформанси, а тоа го олеснува купувањето.

Она што особено сакаме да го истакнеме е дека Вие немате никакви инвестиции ниту какви било дополнителни трошоци при изнајмување на Вашите тест возила. Платформата ги покрива трошоците за рекламирање и трошоците за секаков вид маркетинг на социјалните мрежи.

Ваша обврска е само да ги пријавите возилата и да дефинирате таргет група на корисници кои ќе бидат Ваши потенцијални купувачи, се останато како до потенцијални корисници кои ќе ги тестираат Вашите возила е наша обврска. 

После тестирањето корисниците имаат можност да го купат тестираното возило по промотивна цена. Сите тест возила се осигурани од нашите осигурителни партнери за време на тестирањето.

За да ги искористите сите можности што ги нуди платформата и дополнително да заработите од возилата што ги поседувате, регистрирајте се на Drive Drive Car.


Share this article